Powered By Blogger

domenica 19 settembre 2010

Груевски во дилема дали да оди во Њујорк

Доколку премиерот реши да отпатува во Њујорк, македонската страна не планира да иницира средба Груевски - Папандреу, што не значи дека нема да се одговори позитивно ако има таква покана од другата страна

 
 
  
Премиерот Никола Груевски сé уште размислува дали идната недела ќе оди во Њујорк на генералното собрание на Обединетите нации, каде што на маргините се очекува да се сретне со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, дознаваме од извори во Владата.

Иако шансите Груевски да замине во Њујорк се големи, сепак е можно на генералното собрание да присуствува само шефот на државата, Ѓорге Иванов.

Мали се очекувањата дека средбата Груевски - Папандреу во Њујорк ќе донесе некаков напредок во преговарачкиот процес за името, затоа што досегашните средби на двајцата премиери служеа само како алатка на Грција за да покаже пред своите партнери дека е посветена на решавање на спорот.

Како што дознаваме, македонската страна нема намера да иницира средба Груевски - Папандреу, што не значи дека нема да се одговори позитивно ако има таква покана од другата страна. Доколку Груевски замине за Њујорк, ќе има средба со Метју Нимиц. Засега нема информации кога може да се очекува посредникот да излезе со нов предлог. Грција вчера потврди дека останува на добропознатата позиција - име со географска одредница за севкупна употреба.

- Грчката позиција е силна бидејќи има поддршка од големо мнозинство од политичките сили во парламентот. Сметаме дека „ерга омнес“ со географска одредница е конструктивна и фер-позиција, која им овозможува на двете земји да живеат во мир една покрај друга и ја отвора европската перспектива на ПЈРМ - рече новоименуваната заменичка на Димитрис Друцас, Марилиза Ксенојанакопулу.

И Брисел ги стивнува очекувањата дека може да се очекува скорашно затворање на спорот за името. Напредок во преговарачкиот процес не се очекува додека не поминат локалните избори во Грција, закажани за ноември.
 
  
Автор: Ив.К.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=91810926211&id=9&prilog=0&setIzdanie=22086

Nessun commento:

Posta un commento